Термос од нерѓосувачки челик во црна боја, капацитет 621мл од The Coldest Water. Погоден е за топли и ладни пијалаци. Ги одржува пијалаците топли повеќе од 12 часа и ладни повеќе од 36 часа во споредба со обичен термос. Поради големиот отвор, можете да ставите и коцки мраз внатре. Има двојна ѕидна изолација со вакуум. Опремен е и со гумена држачка и посебна рачка за полесно носење и држење. Поради посебната конструкција, може да плови на вода (море или базен], па не се губи ако го носите со себе. Благодарение на технологијата „never sweat“, надворешниот ѕид не се кондензира, без разлика дали пијалакот е топол или ладен. Се вклопува во 99% од држачите за чаши, вклучително и во држачите во автомобил. Многу е издржлив и лесен за чистење. Целосно е направен од нерѓосувачки челик.