Реверзна осмоза со 7 фази со пумпа и UV ламба, резервоар и славина Системот има 3 претфилтри (полипропиленски филтер 10″ – 1μm, гранулиран активен јаглен 10″, солиден активен јаглен 10″ – 5μm], мембрана 50 GPD, in-line филтер со гранулиран активен јаглен за подобрување на вкусот и мирисот на водата, in-line минерален филтер кој ја збогатува водата со елементи како калциум и магнезиум неопходни за човечкиот организам и финален UV стерилизатор. • Отстранува цврсти честички и талози (песок, рѓа, нечистотија, кал] • Отстранува 99% хлор, неговите деривати, органски супстанции и пестициди • Има 3 претфилтри за подобра заштита на мембраната и продолжување на нејзиниот животен век • Мембраната ја отстранува контаминацијата што може да се наоѓа во водата, како олово, бариум, хром, живо, натриум, кадмиум, флуор, нитрит, нитрат и селен • UV ламбата се користи за отстранување на микроби преку ултравиолетово зрачење • Пакетот вклучува: сет филтри, клуч и сите додатоци потребни за поврзување