Волуметриски омекнувач на вода 6L Се состои од притисочен сад од 6L и посебен резервоар за сол (брине танк] од 30L. Опремен е со електронски волуметриски вентил со основа со дијаметар 2 1/2” машки навој и лежиште за PVC цевка од 1,05”. Влезот/излезот е 3/4” машки навој. Поседува by-pass систем и 4L смола за омекнување на вода. • Идеален избор за отстранување на тврдината на водата во подрачја со висока тврдина • Обезбедува одлични резултати со спречување на таложење на соли во цевките и елиминирање на белите дамки од сите домашни апарати (бања, кујна, машини за перење итн.] Димензии на притисочниот сад: Φ180 x 330 mm Димензии на резервоарот за сол: Φ340 x 470 mm Омекнувањето на водата претставува отстранување на калциум, магнезиум и некои други метални катјони од тврда вода. Добиената омекната вода го продолжува работниот век на хидрауличните системи со намалување или целосно елиминирање на насобирањето соли во цевките и приклучоците.